Американскиот спринтер Кристијан Колмен (23) ја оправда фаворитската улога и стигна до златото на трката на 100 метри на СП во Доха. Американецот мина низ целта со извонредно време од 9,76 секунди и е единствениот атлетичар со време под 10 секунди во квалификациите и полуфиналето.
Времето кое го постави од 9,76 секунди е шесто најдобро на сите времиња, и најдобро на Светските првенства по постигнувањето на Усен Болт од 9,58 секунди пред десет години.
Ветеранот Џастин Гетлин мина низ целта како втор со време од 9,89 секунди, а бронзата заврши кај Андре де Грас од Канада со 9.90.
CHRISTIAN COLEMAN WORLD CHAMPION🥇
— FloTrack (@FloTrack) September 28, 2019