На плоштадот „Карпошово востание” во Крива Паланка вечерва се одржа културен перформанс насловен „Вечер на изворен фолклор” во организација на културно-уметничкото друштво „Карпош”.
Настанот е дел од годинашната програма за култура на општината „Кривопаланечко културно лето” поддржана од министерството за култура на Република Северна Македонија.
– Вечерва на оваа отворена сцена продефилираа стотина млади играорки и играорци кои прикажаа дел од кореографии те карактеристични за изворниот фолклор и мелос од Крива Паланка и Кривопаланечко. Публиката ги проследи „Мори Маро Дилиндаро”, „Трновка”, „Заврзлама”, „Дурачка тројка”, како и дел стилизиран фолклор, кореографииите: „Шопка”, „Пијанец”, „Рамно оро” и други, во носии карактеристични за овој крај, придружувани од гајда, зурла,тапан. Нашето Културно-уметничко друштво е културен амбасадор на општината и државата веќе пет децении,а само годинава се претставивме и достојно ги прикажавме нашата традиција и фолклор на десетина интернационални фестивали во Европа, изјави Миле Николовски, претседател на КУД „Карпош”, Крива Паланка.
Вечерашниот настан има и хуманитарен карактер, во кругот на плоштадот се собираа средства за лекување на младата, тринаесетгодишна, Сандра Ангеловска, член и пријателка на друштвото, на која неодамна била дијагностицирана тешка болест.
Од друштвото ги повикуваат сите хумани граѓани да помогнат во собирање средства за лекување на Сандра