ВМРО-ДПМНЕ е научена само на земање од граѓаните, затоа Славевски е против поврат на ДДВ за граѓаните

Единствениот економски концепт на ВМРО-ДПМНЕ е да земаат пари од граѓаните за да се богатат неколкумина во белиот дворец. За нив враќање пари кај граѓаните е непознат поим.

Затоа Трајко Славевски е против мерката Мој ДДВ, затоа Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против секоја мерка што обезбедува раст на платите и повеќе пари кај граѓаните. Колку ВМРО-ДПМНЕ мисли на граѓаните, се гледа по тоа што нивната пратеничка група наместо за потребите на граѓаните, поднесува амандман во кој бара да се пренаменат пари за опашката на бикот, статуа од мегакриминалиот проект Скопје 2014.

Треба да знаете
Последни објави