Лука Модриќ е еден од 19-те фудбалери на Реал Мадрид кои ги повика тренерот Зинедин Зидан за вечерашното гостување кај градскиот ривал Атлетико.
Хрватот закрепна од повредата и се стави на располагање на Зидан за пресметката со „јорганџиите”. Сепак, не се очекува Лука да биде во почетниот состав, бидејќи не е подготвен да одигра 90 минути, или ако биде стартер, ќе биде повлечен од игра во текот на средбата.
Од оние што беа повредени кај Реал и се при крај со рехабилитацијата, тренираа и Марсело и Иско, но за разлика од Модриќ, тие двајца нема да се појават во 21 часот на „Ванда метрополитано”. Ќе го нема и повредениот Менди, ниту младиот Родриго кој дебитираше со гол во претходното коло.