Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска поднела амандман на ребалансот на Буџетот за 2019 година со кој бара пренамена на 100.000 денари за обнова на опашката на бикот кој се наоѓа на улица Македонија. Оваа информација ја сподели пратеникот и портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил. Костадинов напиша дека целта на овој потег не му била да го коментира амандманот, туку да сподели информација со јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ ги поднесува амандманите до претседателот на Собранието на Република Северна Македонија.