Најмладата милијардерка на светот, Кајли Џенер (22), е хоспитализирана во болница во Лос Анџелес од здравствени причини. Таа веќе неколку дена се чувствувала болна, имала симптоми слични на грип, гадење и вртоглавица, пренесува „Дејли мејл“.
Таквите симптоми и гадење ја следеле три недели, а и нејзината сегашна состојба не била најдобра. Кајли не била сама во болницата, со неа бил татко ѝ Брус, односно Кејтлин Џенер по промената на полот.
„Крис не беше во градот, па затоа е добро што Кејтлин не беше на пат кога се случи ова и можеше да се грижа за Кајли. Кејтлин е одлична во грижата за Кајли, нивната врска е силна“, изјавил пријател на семејството Џенер.
Крис и Кендал моментно престојуваат во Париз, каде што сè уште се одржува Модната недела, на која Кендал работела неколку модни ревии за познати модни брендови. Сè уште не е познато дали покрај неа е нејзиниот партнер и татко на нејзиното дете, Тревис Скот, бидејќи во медиумите се појавила вест дека бракот на Тревис и Кајли е готов.
Поради здравствените проблеми, Кајли била принудена да го пропушти говорот на своите сестри Ким и Кендал на наградите „Еми“, па дури морала и да отсуствува од снимањето нови епизоди од реалното шоу на семејството.