Албанскиот премиер, Еди Рама, синоќа на Генералното собрание на ОН во Њујорк, изјави дека е време сите земји да ја признаат независноста на Косово.
„Драга Србијо, независно Косово е неповратна реалност“, изјави Рама, пренесе „РТК2“.
Тој додаде дека Белград треба да престане да живее во негирање.
Според Рама, важно е на Приштина да ѝ се пружи можност да биде дел од сите регионални и меѓународни организации, како и секоја суверена независна држава на светот.