Владата, предводена од СДСМ целосно е посветена на воспоставување на рамнотежа во развојот на сите региони, градови и села, како предуслов за одржлив развој на државата и обезбедување на поквалитетен живот за сите граѓани. Минатата влада за поттикнување на рамномерниот регионален развој за 11 години владеење издвои само 17 милиони евра, а ние за само две години финансираме проекти на регионите, општините и селата во вредност од над 12 милиони евра.
Toa значи дека владата на СДСМ за само две години издвои три пати повеќе средства за поттикнување на рамномерниот регионален развој.
Во 2019 година преку програмата за рамномерен регионален развој Министерството за локална самоуправа финсира 117 проекти за изградба на локална инфраструктура, како што се локални патишта, пешачки и велосипетски патеки, улично осветлување, уредување на јавни површини, водоводи и канализации, реконструкција на градски пазари, обезбедување на енергетска ефикасност на јавни објекти, инфраструктура за алтернативен туризам и останата инфраструктура од корист на граѓаните. Првата десетгодишна Стратегија за Рамномерен регионален развој беше донесена во 2009 година, но и покрај поразителните состојби со исклучително нерамномерната развиеност на регионите, на средината од спроведување на стратегијата, претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ го започна помпезниот проект Скопје 2014, каде се потрошија 800 милиони евра.
Да завршеа тие 800 милиони евра во развојот на сите региони, сега состојбите ќе беа многу поинакви. Ќе имавме поразвиени градови и села на целата територија, со унапредена инфраструктура, а иселувањето немаше да зафати вака драматични размери.
Токму поради тоа, во процесот на изработка на новата десетгодишна стратегија за рамномерен регионален развој приоритет ќе бидат граѓаните и нивните потреби, со целосна вклученост на сите чинители, а особено експертската јавност.
Целта е да се дефинираат и да се зафатат што е можно повеќе финансиски средствата за регионален развој од министерствата и други јавни институции, а нивната распределба кон планските региони да биде избалансирана, праведна и транспарентна преку воспоставување на електронски систем за следење на планирањето и реализацијата.
Така ќе може преку интегриран пристап да се планира порамномерен развој во сите сегменти на целата територија на државата.
Со тоа, сакаме да обезбедиме квалитетни јавни услуги за сите граѓани, современи училишта, детски градинки, регионални и локални патишта, здрава вода за пиење, канализации, собирање и депонирање на отпад, отстранување на дивите депонии, заштита на животната средина, поттикнување на претприемништвото и нови вработувања на целата територија на државата