Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози

Се известуваат возачите кои ќе го користат државниот пат А3, делница Битола – Меџитлија, дека на ден 30.09.2019 година (понеделник), во период од 12:00 до 16:00 часот ќе се вршат мерења на патот со користење на специјално мерно возило, сопственост на Јавното претпријатие за државни патишта. Постапката се состои од застанување на секои 100 метри на патот и мерење на носивоста на коловозот со спуштање на товар. Се молат возачите на трпеливост и крајна внимателност при возење на горенаведената патна делница.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Фабрика Карпош – АД Скопје известува дека на ден 17.09.2019 година од 11 часот поради градежни активности на магистралниот пат А3, делница Прилеп – Битола кај ТИРЗ Прилеп ќе се изврши пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат во траење од три месеци.

Од 13.09.2019 г. започнa со изведување на градежни активности за подобрување на црни точки со што има времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1202, делница Жировница – Дебар – ГП Блато, во временски период од 30 календарски денови.

Од 13.09.2019 г. започнa со изведување на градежни активности за подобрување на состојбата на осветлувањето (поставување на канделабри) со што ќе се врши времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Струмица-Валандово, Клучка Куклиш, во временски период од 30 календарски денови.

Виадукт Трејд дека од 10.09.2019 г. започна со изведување на градежни активности за подобрување на црни точки со што се врши времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1303, делница: Барбарос – Македонски Брод – Кичево, во временски период од 30 календарски денови.

Друштвото АСФАЛТ ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека поради изведување градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Демир Капија во периодот 03.09.2019 до 02.03.2020 на магистралниот пат А1 делница Неготино – Гевгелија, наплатна станица Демир Капија, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрениото за времен режим на сообраќај бр.11-уп-128/4 од 03.09.2019 издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија.

Oд 19.06.2019 започна со изведување на градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосницата Другово, на магистрален пат А2, делница Кичево – Охрид, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 6 месеци.

Виадукт Трејд известува дека од 22.05.2019 се изведуваат градежни работи на магистрален пат А3, делница Велес – Штип, при поставување на електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6 (шест) месеци, за што се врши промена на режимот на сообраќај.

Од 09.05.2019 на патниот правец Р1201 Маврово – Дебар кај с. Скудриње, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Страбаг АГ известува дека на 06.05.2019 се започна изградбата на ЛОТ 7 Рехабилитација на магистралниот пат А4 Штип – Радовиш на потег од клучка Штип Југ (Софилари) – Бучим (км5+000 до км28+560)

ГД “Гранит” АД Скопје известува дека од 06.05.2019 г. ќе изведува градежни работи – Рехабилитација на Регионален пат P1205, делница Крупиште – Пробиштип.

Г.П. Илинден-Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.

Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с.Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

Штрабак врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово – Попова Шапка, која ќе трае до крајот на 2019 год.

ЦУКС известува дека поради градежни активности за изведба на 8 попречни прекопи за поставување инсталации, во сабота на 28.09.2019г., од 08 до 24 часот, целосно ќе биде затворен за сообраќај еден дел од улицата Благоја Стефковски. Времениот сообраќаен режим на оваа улица ќе важи на потегот од (така наречената) Триангла кај раздвојувањето на улица Методија Андонов Ченто до кривината на улица Благоја Стефковски што води кон пругите на улица Перо Наков кон поранешната фабрика на Металски Завод Тито. Сообраќајот ќе се одвива по околните улици.

Гама Градба известува дека од 24.09.2019 (Вторник) ќе се започне со реконструкција на ул.Павел Шатев и ул.Црниче од раскрсница со ул.Јордан Мијалков до ул.Востаничка согласно одобрение за измена на режимот на сообраќај од Град Скопје – сектор за сообраќај во период од 30 дена.

ЦУКС известува дека поради градежни активности за изведба на подземна инсталација за дистрибуција на топлинска енергија на улицата Филип Втори Македонски, на потегот помеѓу ГТЦ и паркингот наспроти Хотелот Холидеј Ин, од 23.09.2019 г. (понеделник), па во наредните неколку денови, ќе биде спроведен времен сообраќаен режим.

ЦУКС известува дека поради градежни активности за формирање на крстосница помеѓу бул. Киро Глигоров и улица „1″, на дел од булеварот ќе биде воведен времен сообраќаен режим, па така сообраќајот во насока на движење од мост Тодор Александров кон крстосница со улица Перо Наков, на еден дел од бул. Киро Глигоров, ќе се одвива во една сообраќајна лента. ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, воедно почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација.

Екипите на Град Скопје ја започнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата Лазар Трповски во Општина Чаир. Со реконструкцијата е предвидено стружење на коловозот и поставување на нов асфалт на површина од 2.400 квадратни метри.

Центарот ги потсетува граѓаните дека, поради градежни активности за реконструкција на дилатации на мостот на реката Серава во Момин поток, на дел од булевар Никола Карев кон Качанички Пат е воведен времен режим на сообраќај. Поради реализација на овој проект измената на режимот на сообраќај важи на потегот од крстосницата помеѓу улицата Скупи и булеварот Никола Карев до крстосницата на овој булевар со булеварот Словенија, а градежните работи се изведуваат во две фази. До завршување на градежните активности, сообраќајот ќе се одвива наизменично по една сообраќајна лента и тоа во двете насоки, а ќе биде регулиран со светлосна вертикална сигнализација.

 

Треба да знаете
Последни објави