Денеска сме во Општина Чаир, во рамките на концептот „Обнова на Македонија, разговори со граѓаните“, при ова ќе ги посетиме сите населени места и ќе разговараме со граѓаните, ќе ги слушнеме нивните проблеми и ќе најдеме решение за тие проблеми. И сигурно врз основа на овие разговори и овие контакти со народот и со граѓаните ќе ја направиме нашата предизборна програма. Предизборната програма ќе биде така направена за да може преку неа да се решаваат проблемите на граѓаните кои што ќе ги искажат преку овој концепт.
Ова е практично подготовка за предвремените парламентарни избори, ние очекуваме дека владата на Зоран Заев ќе се одважи и ќе распише предвремени парламентарни избори, за да може граѓаните да изберат влада која што навистина ќе работи за доброто на граѓаните на Република Македонија.
При ова сакам да кажам дека владата на СДСМ во изминативе три години постојано лаже т.е. сето она што го ветија на изборите практично го излажаа. Ветија дека ќе има плата од 500 евра, меѓутоа тоа не е остварено. Исто така ветија дека ќе има капитални инвестиции, меѓутоа сведоци сме дека оваа година капиталните инвестиции за овие 8 месеци се само 25%. Ако знаеме дека капиталните инвестиции еден од условите за економски развој на една држава, тогаш е јасно дека државата осиромашува, дека граѓаните немаат пари и сето тоа влијае на сеопштото живеење на граѓаните на Република Македонија.
Исто така ветуваа нулта толеранција за корупција, меѓутоа сведоци сме скоро на секојдневни коруптивни настани најновиот е и како што сите знаеме најголемиот коруптивен скандал е „Рекет“ кој што за жал изгледа ќе заврши со двајца, тројца луѓе кои што ќе бидат инволвирани во него.
Исто така би сакал да кажам и претходно споменав дека капиталните инвестиции се реализираат само 25%. Значи кога дојдоа на власт прво ги сопреа сите инвестиции кои што беа во текот на градба и после одредено време, значи после година дена и повеќе продолжија дел од тие капитални инвестиции како што се автопатиштата од Гостивар до Охрид, од Скопје до Штип. Меѓутоа голем број на капитални инвестиции беа стопирани и никогаш не беа продолжени.
Што се однесува до Градот Скопје исто така би сакал со оглед на тоа што се наоѓаме во Чаир, би сакал да споменам, исто така дека нема ниту еден капитален проект во Градот Скопје. Имено тие не успеаја да ги завршат ниту проектите кои што беа започнати во мое време како што е булеварот „Србија“, кој што се уште не е завршен, булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, вториот дел кој што исто така не е завршен. Најпрвин кога дојде градската власт велеше дека нема проекти од претходната власт, потоа дека има проекти меѓутоа тие проекти не се квалитетни и треба да се поправат. За да на крајот распишат тендери по истите проекти. Случајот за тоа е проектот за булеварот „Боцна и Херцеговина“, кој што додека бев на власт 2-3 години го правевме проектот да биде целокупен и за којшто распишаа тендери и еве сега е во тек на градба според тој проект, а исто така и проектот за „Христијан Тодоровски – Карпош„ третиот дел значи од Натанал Кучевишки до заобиколницата на којшто беа решени сите имотно – правни односи и се распиша тендерот и еве во тек е почетокот на неговата реализација.
Исто така би сакал да напоменам дека оваа влада води катастрофална кадровска политика. Пред да дојдат на власт велеа дека администрацијата е пренатрупена, значи имаме премногу вработени во администрацијата на локално и на централно ниво за да сега сме сведоци на овие три години на вработување на повеќе од 30.000 луѓе во администрацијата во Република Македонија.
Исто така би сакал да потенцирам дека сега е во фаза донесување на нов закон за јавната администрација според кој закон сметаме дека сакаат да направат партиска чистка или чистка на сите оние коишто не мислат исто со СДСМ и притоа овие вработени да бидат прераспределени во приватни фирми, а претходно да бидат прогласени за мрзливи. А се прогласуваат за мрзливи затоа што не им се дава работа, ставени се на страна и кој од приватниците ќе прифати вработен којшто од државата, од државната институција е прогласен за мрзелив. Мислам дека тоа е еден параван за да можат да ја исчистат администрацијата од луѓе коишто не мислат како нив, кои не се од нивната партија, и понатаму да ја партизираат администрацијата.
За градот Скопје исто така би потенцирал дека кога ми заврши мандатот 2017 година имаше близу околу 400 вработени за да сега во овој изминат период па се надевам и мислам дека и следнава година ќе бидат вработени значи околу 200 нови вработени што ќе значи дека е зголемено скоро за 50% и повеќе бројот на вработени во градот Скопје, а пред да дојдат рекоа дека е пренатрупена администрацијата во градот Скопје. Тоа јасно зборува за една лоша кадровска политика наместо оние луѓе коишто се професионални, оние луѓе со коишто градот Скопје го подигнавме на едно завидно ниво, којшто професионално си ја работат работата да сега бидат прогласувани за технолошки вишок, а да бидат донесувани нови луѓе коишто немаат искуство и се партиски послушници на оваа влада.
Исто така би сакал да зборувам за јавните претпријатија, чисто за градот Скопје како што е слична ситуацијата и со јавните претпријатија, значи имаме многу голем број на вработувања и мислам дека за неколку години јавните претпријатија ќе станат финансиски нестабилни како што беа кога дојдов 2009 година, а воедно со тоа и нема да може да извршуваат функцијата за којашто тие се формирани.
Што се однесува до иселувањето мора да потсетиме дека пред да дојдат на власт оставаа чевли пред Владата како порака дека многу има иселување во Република Македонија и дека тие кога ќе дојдат на власт ќе го намалат или стопираат иселувањето меѓутоа сведоци сме дека во последниве две три години масовно се иселуваат луѓето. Значи месечно по десетици илјади луѓе ја напуштаат Република Македонија, а што е нај жалосно ја напуштаат младите луѓе за кои што исто така СДСМ ветуваше дека младите луѓе ќе се обидат да ги задржат во Република Македонија со тоа што ќе отвораат нови работни места, ќе има ангажирање за младите луѓе, образованието ќе биде подобрено и слично меѓутоа ништо од тоа.
Сега имаме состојба покрај празни села да почнеме да имаме и празни градови. Сето тоа јасно заборува за една лоша политика на СДСМ и на крајот би сакал да го споменам и загадувањето. Значи пред да дојдат на власт еден од главните адути им беше дека ништо не се работи за загадувањето дека Македонија е загадена земја, а особено градот Скопје и слично и дека тие кога ќе дојдат на власт имаат подготвено мерки веднаш да го решат загадувањето во градот Скопје да го сведат или доближат на нормално ниво. Меѓутоа ништо од тоа. Нема ништо од тоа, нема ниту една посуштествена мерка која што ќе влијае на намалувањето на загадувањето во Градот Скопје туку напротив имаат мерки кои што практично се продолжување на мерките кои беа додека ние бевме на власт.
Сето ова јасно зборува дека оваа власт немала никаков концепт за решавање на загадувањето и би потсетил дека Градот Скопје 2016-та година беше добитник на втората награда на Европската Унија за мобилност што значи дека ја добивме таа наградата гледајќи Европа дека Градот Скопје гради велосипедски патеки, дава субвенции за велосипеди, електрични мопеди, електрични автомобили. Исто така Центарот за управување и контрола на сообраќајот, АВЛ-от автоматската локација и пратењето на автобусите, смарт тикетингот, инфраструктурата сето тоа придонесуваше за поголема мобилност на Градот Скопје со што заедно со Лисабон го добивме второто место во ЕУ и тоа беше практично потврда на нашите политики дека се движиме во добра насока.
И на крајот би сакал да потенцирам дека со оглед на сето ова мое претходно искажано, има уште многу работи кои треба да се кажат дека народот е разочаран, дека народот веќе не и верува на оваа власт бидејќи имаат секојдневни лаги и коруптивни настани, затоа сметам дека оваа Влада на господинот Зоран Заев ќе се одважат и ќе распишат предвремени избори на кои што ВМРО-ДПМНЕ според анкетите сметаме дека ќе победи на овие избори и ќе ја отпочне обновата на Република Македонија.