Најдобриот стрелец во НБА лигата, Џејмс Харден најави дека ќе настапи на олимпискиот турнир во Токио следната година.
Бекот на Хјустон рокетс со Стеф Кари и Демиен Лилард ќе сочинуваат бековска линија која би можела на репрезентацијата на САД да ѝ донесе златен медал. Харден има играно за националниот тим на ОИ во 2012 и СП 2014.
По дебаклот на Светското првенство во Кина, кога Американците го освоија седмото место, решени се на светот да му покажат дека тие се број 1 во овој спорт, па затоа некои од најголемите НБА ѕвезди кои не играа на СП, сакаат да се појават на Олимписките игри.
Доколку во тимот се најдат и Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Каваи Ленард, Пол Џорџ, Кајри Ирвинг, Расел Вестбрук, тогаш САД ќе се прошета до златото. Но, со „половичен” состав може да си поминат како на Мундобаскетот во Кина.