Канаѓанецот Алек Минасијан (26), кој пред една и полгодина со комби уби 10 пешаци во Торонто, изјавил за полицијата дека припаѓа на он-лајн заедницата на сексуално фрустрирани мажи кои планирале да нападнат луѓе кои имаат секс, покажува неодамна објавеното видео.
„Чувствувам дека ја исполнив мојата мисија, рече момчето, одговарајќи на прашањето на инспекторот за тоа како се чувствувал за смртта на десет лица.
Минасиан призна дека никогаш немал девојка. Тој го користел возилото како оружје, а неговата желба била да инспирира други напади.
„Сретнав неколку момци преку Интернет, кои се чувствуваат на ист начин. Тие се премногу кукавици за да го исфрлат својот гнев“, рече тој.
Убиецот објасни дека припаѓал на он-лајн движењето „недоброволен целиблат“ и комуницирал за своите сексуални фрустрации на форум.
Тој исто така рече дека бил во контакт со Елиот Роџер кој објави манифест против жените кои го одбиле, а потоа уби шест и повреди 13 лица во пукање во 2014 година на Универзитетот во Калифорнија. Роџер потоа се самоуби.
Минасијан рече дека се радикализирал во времето кога Роџер го извршил нападот.
„Мислев дека е време да направам нешто, а не само да седам од страна и да се трујам со мојата тага“, рече тој.
Минасиан исто така раскажа неколку случаи кога бил одбиен од жените, што кај него предизвикало голем гнев и фрустрација.
Неговото судење започнува во февруари.