Демонстрациите одржани во центарот на Хонгконг денеска завршија рано со спорадични судири меѓу демонстрантите кои фрла цигли и молотови коктели кон владините канцеларии, по што полицијата возврати со солзавец и водени топови со цел ги растера.
Во полициското соопштение се наведува дека некои насилни демонстранти го оштетиле имотот пред владината зграда, објави агенцијата АП.
Во судирите бил активиран и камион со водени топови кој прскал со сина течност кон демонстрантите.
Тие пак користеле чадори за да се одбранат, на кратко се повлекле, но потоа повторно дошле пред владината зграда.