Ракометарките совладани и од Чешка, далеку е ЕП

 Македонската женска ракометна репрезентација на домашен терен беше надиграна од Чешка со 29:37 (14:14), и практично ги загуби шансите за пласман на Европското првенство.

По првото полувреме, избраничките на селекторот Симе Симовски имаа нерешен резултат, но немаа сили за подвиг. Средината на второто полувреме беше клучниот период во кој Чешка почна резултатски да се одлепува, и на крајот гостинките извојуваа и убедлива победа.

Во другиот меч од групата, Шведска ја растури Португалија со 38:19.

Наредните натпревари за „црвено-жолтите”, на гости и дома со аутсајдерот Португалија, се играат во март следната година, додека квалификацискиот циклус ќе се комплетира кон крајот на мај.

Треба да знаете
Последни објави