Американската војска соопшти дека извршила воздушен напад врз позициите на Исламска држава во Либија, што е трет американски воздушен напад врз оваа северноафриканска земја за нешто повеќе од една недела. Овие воздушни напади на САД во последните осум дена се први во Либија за повеќе од една година. Американската команда на Африка соопшти дека во нападот, кој започна еден ден порано во југозападна Либија, загинаа 17 припадници на ИС.
Заменичката на американската воена морнарица Хајди Берг, директорка на службата за разузнавање, вети дека ќе продолжи да ги гони припадниците на ИС и да им го ускрати „безбедното прибежиште за координирање и планирање на операциите” во Либија.