Извршниот директор на компанијата „Спејс екс“, Илон Маск, објави детали за вселенското летало „Старшип“, за кое вели дека ќе успее да пренесе голем број луѓе до Месечината или Марс.
Маск очекува првиот пробен лет да биде изведен за еден до два месеци.
Вселенското летало може да лета и кон други места во Сончевиот систем и ќе може да се користи повеќе пати, изјави Маск кој вчера ги претстави новостите за неговиот проект.
Компанијата „Спејс Икс“ на „Твитер“ објави дека на долго меѓупланетарно патување во вселената во догледно време, би можеле да полетаат до стотина луѓе.