Од користото на Вардар во Скопје денеска беа извадени педесетина гуми од автомобили и камиони.
Од граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“, што ја организира акцијата, велат дека гумите ќе бидат однесени во скопската Зоолошка градина, за реквизити за животните.
Во акцијата учествуваа нуркачи од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“, а е дел од активностите со кои се одбележува Неделата на глобални климатски протести.
https://www.facebook.com/maksegushi/posts/2685460694853898