Илјадници демонстранти се прегрупираа откако полицијата денеска фрли солзавец кон нив додека протестираа на улиците на Хонгконг, два дена пред прославата на Националниот ден на Кина.
Демонстрантите, претежно облечени во црно, со џадори и плакати, пееја песни и извикуваа „Станете во Хонг Конг, борете се за слобода”, додека маршираа кон комплексот владини канцеларии.
Многумина од нив се разбегаа додека полицијата фрлаше солзавец, но, сепак, дел од демонстрантите се вратија. Некои носеа американски, британски и знамиња на други држави.
Демонстрантите ги палеа постерите со кои се честита 70-годишнината од владеењето на Комунистичката партија на Кина. Некои пишуваа графити по ѕидовите и кршеа прозорци на излез од метрото.
Овој собир е продолжение на повеќемесечните протести со кои се бара повеќе демократија на кинеската територија.
Демонстрантите исто така планираат да маршираат и во вторник и покрај забраната од полицијата, што предизвика страв од можно насилство.