Меѓу институциите најниска доверба има СЈО,покажува анкетата на Детектор. На скалата од 1 до 5, средната оценка која на СЈО му ја дале граѓаните изнесува 1,68. Без малку 57% од анкетираните довербата во СЈО ја оцениле со најниска оценка, единица.
Под средна оценка двојка се и судството и јавното обвинителство. Средната оценка на довербата на граѓаните во судството изнесува 1,74 а во Јавното обвинителство 1,81.
Довербата во парламентот е оценета со средна оценка 2,25, во Владата 2,33 а во опозицијата 2,4.
Претседателот и медиумите се единствените институции, дел од оваа анкета кои имаат средна оценка која со училишен речник би можела да се нарече добар 3. Довербата во институцијата Претседател доби оценка 2,63 од граѓаните. На врвот се медиумите кои граѓаните ги оцениле со оценка 2,76.