Македонската економија со СДСМ го допре дното

Соопштение до јавноста, реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Македонската економија со СДСМ го допре дното.

Парите наместо да завршуваат кај граѓаните, тие завршуваат во џебовите на Заев и врхушката на СДСМ.

Власта ги зголеми даноците, ја зголеми акцизата на горивата и секојдневно им ги зголемува давачките на граѓаните, со што уште повеќе ги осиромашува.

СДСМ придонесе да има над 500.000 граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата, а долгот на државата вртоглаво расте и ја надмина психолошката граница 5 милијарди евра, односно над 50% од БДП.

Заев со неговата Влада немаат намера да донесат подобар стандард за граѓаните и подобра економија за Република Македонија.

Поради тоа неопходни се предвремени парламентарни избори за што побрзо оваа власт си замине и започне обновата на Македонија“.

Треба да знаете
Последни објави