Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Детектор на телевизија Сител најави дека ќе испрати писмо до Европската Народна Партија во кое ќе побара помош од сестринските партии за Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија. Иако како што вели тој корумпираната Влада предводена од СДСМ не заслужува да добие датум за преговори со Европската Унија, граѓаните заслужуваат еден мал прозорец на надеж кој денеска е затворен поради политиките на Владата предводена од СДСМ.
Јас повторно ќе кажам дека оваа корумпирана, неспособна арамиска Влада тоа не го заслужува, но ние како опозиција како ВМРО-ДПМНЕ ќе направиме се што е во наша моќ, јас дури во периодот кој што следи реков и го најавив тоа ќе напишам писмо до нашите сестрински партии од Европската Народна Партија во насока на тоа да помогнат во процесот да помогнат да добиеме конечно дата за отпочнување преговори така што јас мислам дека граѓаните се свесни за сите оние неправди криминали и арамилук кој што оваа октопод-рекетарска Влада денеска управува во Република Македонија и мислам дека тоа нема да донесе никаков бенефит во насока на тоа да ја зголемат довербата кон овие луѓе кои што денеска се во Владата на Република Македонија туку напротив тоа го чувствуваат како заслужено нешто и конечно со тоа практично ќе се подотвори еден мал прозор на надеж кој што до ден денеска поради сите овие политики кои што Владата на СДСМ и Зоран Заев комплетно се затвори, вели тој.