За 2/3 од годината власта е неспособна да реализира ниту една 1/3 од годишно предвидените капитални инвестиции. Власта е неспособна веќе трета година да работи и реализира проекти. Наместо патишта, имаме криминал, наместо железници, корупција, вели Светилав Васев од ВМРО-ДПМНЕ.
-Функционерите на власта не носат инвестиции, туку „Луј Витон“ торби полни со рекетирани милиони. 28% реализирани капитални инвестиции за цели 8 месеци е одлика на неработа. Неспособноста и неработата на Заев и неговата влада резултира со кратење на над 50 милиони евра од ставката во буџетот капитални инвестиции. Нема нови градинки, училишта, болници и гасоводи, патишта, но има за партиски вработувања и полнење на јавната администрација.Нема нови 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.100 километри локални патишта. Заев вети. Заев излажа.Клиничката болница во Штип трета година не можат да ја довршат. Клиничкиот центар во Скопје кој веќе требаше да биде во напредна фаза на реализација, е одложен.Три години не изградија ниту едно ново училиште, ниту една нова градинка. Три години Македонија стагнира. Три години економијата пропаѓа Време е за промени, време е за обнова на Македонија, вели Васев.