Протест во Москва во знак на поддршка на уапсените демонстранти

Во Москва се одржува протест во знак на поддршка на демонстрантите кои се уапсени за време на недозволените протести во руската престолнина во периодот од 27 јули до 3 август, јави ТАСС.

На собирот, кој е одобрен од московскиот градоначалник, присуствуваат членови на политички партии и движења, меѓу кои и претставници на опозициското движење Лев фронт, Револуционерната работничка партија, Либертаријанската партија, Солидарност, како и поранешните кандидати за пратеници во московскиот Парламент, Јулија Галијамина и опозицискиот политичар Алексеј Навални.

Како што пренесуваат странските медиуми, полицијата не го попречува собирот. 

Треба да знаете
Последни објави