Амедовски за само 17 секунди нокаутиран од Велшанецот Филипс

Македонскиот борец Ален Амедовски, го претрпе и вториот пораз во својата втора битка во Ултимејт фајт шампионатот.

Дебарчанецот Амедовски, синоќа во „Ројал арената” во Копенхаген беше нокаутиран од Велшанецот Џон Филипс, после само 14 секунди. Филипс кој е поранешен боксер, со серија удари со левата рака го онеспособи Амедовски кој падна на земја, и на судијата не му преостана ништо освен да ја прекине борбата. Ова е трети најбрз нокаут во историјата на среднотешка категорија во УФЦ 160.

После овој пораз, Амедовски во УФЦ има биланс 0-2, откако пред пет месеци, загуби и од Полјакот Јотко, тогаш со судиско надгласување. 

Треба да знаете
Последни објави