Македонските интернационалци кои настапуваат во италијанската Серија А, имаа различен успех во денешните натпревари.
Откако Елиф Елмас со Наполи ја победи Бреша, по неговите стапки тргна и Илија Несторовски, кој беше стартер и ги одигра сите 90 минути на мечот на Удинезе против Болоња. Удинезе славеше со 1:0, со што тимот прекина серија од четири средби едноподруго без триумф.
Пораз претрпе Горан Пандев со Џенова, и тоа на гостувањето во Рим кај Лацио. Некогашниот тим на Пандев го победи сегашниот со убедливи 4:0. Капитенот на македонската репрезентација го одигра само второто полувреме, и кога влезе во игра, римските „орли” веќе водеа со 2:0.