Британецот Луис Хамилтон триумфираше на трката во Сочи, за Големата награда на Русија во Формула 1. Ова беше деветти триумф на Хамилтон сезонава со што се зацврсти на челната позиција во генералниот пласман во Ф1. Еден – два триумфот за Мерцедес го комплетираше неговиот клупски колега Валтери Ботас која трката ја заврши како втор. Сезонава по седми пат пилотите на Мерцедес завршуваат на првите две позиции.
Трката започна одлично, Себастијан Фетел со извонреден старт го помина Хамилтон, а потоа и Леклер и црвените болиди беа на чело на колоната. По една срамна епизода на комуникација преку радиото и наредба Фетел да го пушти напред Леклер, падна договор рокадата да биде напревена подоцна, по што возачите на Ферари почнаа да билдаат предност. И се беше според планот се до влегувањето на Фетел во бокс, набрзо потоа откажа нешто во неговиот болид и тој мораше да се паркира крај патеката.
За малерот да биде поголем, неговото излетување предизвика виртуелно безбедносно возило, па Хамилтон без проблем направи пит стоп и ја зачува првата позиција. Веднаш потоа излезе и безбедносно возило по сударот на Расел, а Леклер реши да се коцка и да влезе по свежи меки гуми и покрај тоа што значеше дека ќе назадува една позиција и ќе се најде зад Ботас. До крајот на трката Леклер се обидуваше, но не успеа да го помине Ботас.
Трет низ целта мина Французинот Шарл Леклер од Ферари, а како четврти трката во Русија ја заврши Макс Ферстапен од Ред Бул.Потоа следуваа Верстапен и Албон од Ред Бул, а во бодови уште завршија и Саинц, Перез, Магнусен, Норис и Хулкенберг.
Во генералниот пласман распоредот е истиот како и денешниот Хамилтон – Ботас – Леклер.