Јоци ја објави снимката од инцидентот со Кежаровски

Новинарката Јорданка Ивановска- Јоци вечерва на својот Фејсбук го објави видеото од инцидентот со колегата Томилав Кежаровски откако претходно го обвини за вербален напад. На синоќешниот инцидент претходела „размена на мислења“ меѓу Ивановска и сопругата на Кежаровски на Фејсбук.

Ивановска – Јоци тврди дека синоќа во скопската населба Лисиче со пцовски и навреди била нападната од Кежаровски, а како доказ вели има и снимки од безбедносните камери. Таа на Фејсбук напиша дека новинарот ја чекал пред куќата на нејзината пријателка, каде заминала да прослави роденден. Кежаровски застанал пред прозорецот на нејзиниот автомобил и влегол во отворен конфликт. Јоци јавно побара одговор од МВР дали некој ја прислушкува или ги следи комуникациите, бидејќи Кежаровски ја чекал пред куќата на нејзината пријателка каде дошла на гости.

Кежаровски негирше дека имало инцидент, но рече дека секогаш ќе го брани семејството и децата.

 

https://www.facebook.com/joci.jocik/videos/10219898545393953/

 

https://www.facebook.com/joci.jocik/posts/10219894437371255

Треба да знаете
Последни објави