На предвремените парламентарни избори во Австрија, одреден број граѓани избраа да гласаат за „чудни” партии, како што е „Партијата на пиво”.
Во Виена, Партијата на пивото успеа да освои дури 0,6 проценти од гласовите, со упоришта во 21-та, 22-та и 10-та област во виенскиот округ.
Централни теми на оваа партија во кампањата беа потрошувачката на пиво, забрана за мешавини на пиво и борбата против невработеноста, а во Виена освои 3.649 гласови, што е 0,6 проценти од сите гласови во австриската престолнина.
Шефот на Партијата на пивото Марко Пого во видео порака рече: Нашиот пат допрва почна. Не чекаат избори во Виена 2020 година.