Словенечкиот авиопревозник „Адриа Ервејз“ поднесе барање за банкрот и ги откажа сите летови, се наведува во соопштението што го објави компанијата. Ваквиот расплет на ситуацијата дојде откако авиопревозникот минатата недела откажа голем број летови поради финансиски проблеми.
„Постапката за прогласување на банкротот е покрената од страна на управата на компанијата“, соопшти Адриа, која е во сопственост на германскиот инвестициски фонд 4К Инвест.
Судот има законски рок од три дена во кој ќе донесе одлука за отворање на постапката за банкрот.
Словенечкиот министер за економски развој и технологија, Здравко Почивалешк, изјави дека владата ја разгледува можноста за основање нов национален авиопревозник кој би ја подобрил меѓународната поврзаност на Словенија, по банкротот на „Адриа ервејз“.