Соопштение на Алијансата за Албанците во врска со застапеноста на Албанците во државните институции.
„Албанците во Македонија како никогаш досега не биле во незавидна позиција кога е во прашање донесување на одлуки за нивната иднина, и присутноста на Албанците во клучните државни институции, внатрепартиските скриени договори придонеле крајно разочарување на Албанците, оваа се должи пред се на корумпираната политика,злоупотреба на службената должност со што се покажува крајна незаинтересираност за реализирање на колективните права на Албанците.
Компромисот постигнат помеѓу Дуи и ССдсм(2000-Сдсм и 1000 Дуи или 2 со 1)за вработување по дражвни институции не кореспондира со застапеноста на албанците во државните институции.
Тука може да се прави една проста пресметка со што ДУИ ке ги систематизира сите административци кои и понатаму не се систематизирани, божем ке се водат како ново вработувае додека од друга страна СДСМ ке изврши нови вработувања, кои дефакто ке ја намалат процентуалната застапеност на Албанците во државните институции.
Ако во 2016 застапеноста на Албанците беше 19,2%,во 2017 забележала пад од 19.1 0д кои 2018 е стигната на 19%,очекувано е дека и во 2019 ке има пад.Фигурираат и институции каде владее тотална дискриминација.Ова е во Агенција за филм.
Мала застапеност на албанците има и во судство.Во Врховниот суд од 85 судии само 6 албанци се именувани,но нема ниту еден вработен во судската администрација во раководни или нераководни функции.Застапеноста на албанците тука е со 7.1%,со оправдување е дека нема соодветен кадар.
Мала застапеност на албанците е и во дрзавните акционерски друштва,АД за дистрибуција на електричната енергија и менаџирање со електро-енергетскиот систем МЕПСО.
Во многу финансиски институции застапеноста е под 10 посто од вработени албанци.Очигледно е крајна запоставеност на албанците во државни институции.“