Заев: Верушевски ми објасни, разочаран е од злоупотребите во СЈО и Рекет

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата одговараше и на прашања поврзани со сведочењето на неговиот советник Зоран Верушевски во случајот за прислушувањето „Таргет-Тврдина“, по кое премиерот од Њујорк најави дека по сведочењето на разузнавачот на следното рочиште разузнавачот сите работи ќе бидат многу појасни.

– Тој е мојот советник за национална безбедност, кога и вие прочитавте за неговиот исказ прочитав и јас, јас сум во комуникација со сите мои советници, така и со господинот Верушевски и затоа реков дека на второто рочиште веројатно со очекуваните прашање ќе бидат појасни неговите ставови по однос на некои прашања. Мене ми е јасно, тој мене ми објасни, јас сум дел од тој период на случувањата на работите. Секако точно е дека материјалите се предадени на господинот Верушевски, како што велат Ѕвонко Костовски и Ѓорги Лазаревски, но тие правно формално се предадени на СДСМ, а ги прима Зоран Верушевски. Но истовремено, разочараноста од тоа што некој го злоупотребувал СЈО во делот на случајот „Рекет“, се појавил Ел Чека, се појавило не знам што, го укажува делот на модифицираноста или компромитираноста на самите материјали – одговори Заев.

Тој рече дека ниту еден од обвинетите во случаите не ги оспорувал ниту материјалите ниту нивната автентичност која ја потврдува и форензиката.

Треба да знаете
Последни објави