Една година по референдумот за Договорот од Преспа ние сме на портите на НАТО да станеме полноправна членка и пред започнување на преговорите со ЕУ, истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата одговорајќи на новинарско прашање.
– Пред една година сите бевме свесни зошти е важен тој референдум. Беше важен тогаш, а и денес една година подоцна свесни сме зошто беше важен – заради двете најголеми стратешки цели на државата – членство во НАТО и почеток на преговрите со ЕУ. По една година ние сме на портите на НАТО да станеме полноправна членка. Остануваат уште седум земји да го ратификуваат протоколот и очекуваме тоа наскоро да се случи. Очите ни се вперени во Шпанија зашто таму треба да има избори на 10 ноември. Но, тоа е извесно, и ќе бидеме 30 членка. Фокусот ни е насочен и на Евроспкиот совет кој конечно по 15 години треба да ги отвори вратите и да донесе одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија. Тоа ќе значи целосна трансформација на нашето оштество кон европско општество, рече Заев.
Посочи дека 610 илјади граѓани кои гласаа „за” на референдумот се бројка што ја немала ниту една партија, и тоа, како што наведе, беше силна порака од граѓаните, како што и денес е пораката дека преку 80 отсто се за ЕУ и НАТО и земјата да продолжи по тој пат.
– Жалам што и тогаш, но и денес опозицијата не дава прилог во делот на крупните политички одлуки. Таа даде свој прилог во носењето законите кои беа важни за европската реформа и беа составен дел од извештајот на ЕК. Но, ниту Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ не дадоа прилог, се водеа строго од партиско политички цели без разлика на интерсот на државата. Донесовме храбри одлуки од кои благодатите грѓаните веќе ги чувствуваат, а и допрва ќе ги чусвтвуваат со исполнување на овие две стратешки цели, кажа Заев.