„Икеа“ ги повлекува лигавчињата за бебиња поради ризикот од задушување

Компанијата „Икеа“ ги повика сите купувачи на детско лигавче МАТВРА (сино / црвено две парчиња) да престанат да го користат и да се јават во „Икеа“ за надомест.

Причината за повлекување на производот е можноста да падне копчето на лигавчето, што може да предизвика задушување.

„Сфативме дека постои ризик копчето да падне ако детето го повлече“, рече Емили Кнастер, менаџер на „Икеа оф Свиден“, додавајќи дека безбедноста на купувачите е најголем приоритет на компанијата.

„Икеа“ ги повика сите купувачи да го вратат производот во стоковната куќа Икеа за целосно враќање на парите или да добијат сличен производ, додавајќи дека доказот за купување (сметка) не е неопходен.

Треба да знаете
Последни објави