Дебитантскиот настап на завршницата од ЕП за македонската одбојкарска репрезенатција беше успешна приказна. Македонија со две победи над Белорусија и ко-организаторот на завршниот турнир Словенија која на крајот освоии бронзен медал, се најде во генералниот пласман на 17. место на ЕП-2019, а тоа и донесе и пласман на 21. позиција на ЦЕВ ранг-листата.
Капитенот на македонската репрезентацијата, Никола Ѓоргиев испрати јасна порака преку социјалните мержи. Одбојкарите бараат помош за да и се реализира желбата на оваа генерација да заига како ко-домаќин на завршница од ЕП-2023.
–17. место на ЕП 2019 и 21. место на ЦЕВ ранкингот за 2019 година. Голем напредок и историски резултат на дебито. Овој циклус од две години е УСПЕШЕН… Честитки до ОФМ и целиот стручен штаб и играчите.
Следниот циклус за наредното ЕП започнува денеска. Квалификациите за наредното ЕП се август, септември 2020 година. Би сакал да го продолжиме континуитетот на големи натпреварувања и да после две години бидеме подобри од 17. место на ЕП и 21. во Европа. Знам дека МОЖЕМЕ!
П.С. Нова идеја – СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2022 Русија зошто да не ???