Брестовац одбра 19. кандидати за шампионатот во Бугарија

Селекторот на машката ракометна репрезентацијата  на Македонија за играчи родени 2002/2003 година Данило Брестовац го објави списокот со 19. кандидати кои ќе ги има на располагање на подготовки за настап на „Balkan Men’s Youth Championship 2019″ во Бугарија. Собирот е закажан за 7 октомври со почеток во 08.00 часот во СС „Мајка Тереза” во Скопје.

Првенството ќе се одржи во градот „Гоце Делчев“ во спортската сала „Неврокоп Арена” во период од 11 – 13 октомври, а ќе настапат репрезентациите на Бугарија, Турција, Косово, Црна Гора и Македонија.

Покани за овој собир добија: Давид Ацевски (РК Металург),  Матеј Ивановски (РК Алушовски), Михајло Костовски (РШ КЛ 7), Петар Атанасијевиќ (РК Алушовски), Емилијан Ѓоргоски (РШ КЛ 7), Теодор Тодески (РК Металург), Едвин Омерагиќ (РК Аеродром), Иван Андревски (РК Металург), Христијан Митревски (РК Пелистер), Божидар Илиевски (РК КЛ 7 ), Марко Митев (РК Аеродром), Велимир Грујоски (РК Вардар), Давид Ставрески (РК Вардар), Михаил Ивановски (РК Охрид 2013), Симон Калајџиски (РК Вардар), Ѓорѓи Ташев (РК Прилеп), Стефан Стојчевиќ (РК Аеродром), Борче Христоски (РШ КЛ 7) и Кристијан Ташевски (РК Металург).

Треба да знаете
Последни објави