Двајца пешаци загинале, еден возач на мотоцикл се здобил со тешки телесни повреди, а 15 лица се здобиле со лесни телесни повреди во 11 од вкупно 27 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 14 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила 57 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 63 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 33 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, девет возачи почетници, 37 нерегистрирани возила и едно возило за претовар.
За не прописно паркирање се издадени 220 казни, а со специјалното возило „пајак” се подигнати 128 возила.
Казнети се и четворица пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првнество на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за не правилно престројување, двајца за неправилно престигнување, 17 возачи кои не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, девет за не користење на заштитен шлем од страна на возачи на вел со мотор, мопед и мотоцикл, пет за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возила и 27 возачи за користење на мобилен телефон за време на управување на моторни возила.