Готвач уапсен затоа што користел канабис за „да проба нови вкусови”

Готвач од Сицилија е уапсен под сомнение дека продавал дрога, откако полицијата пронашла канабис во неговиот дом. Готвачот Кармело Кијарамонте (50) поседувал две големи стебла марихуана и еден килограм индиски коноп. Во неговата куќа во италијанскиот град Катанија, источна Сицилија, беа пронајдени и запленети и вино со вкус на канабис, маслинки, кафе и туна.

Готвачот, наводно, сакал само да „испробува нови вкусови”, стои во полицискиот извештај. А, на неговата интернет-страниица стои дека е добар познавач на вкусот на Медитеранот и дека користи разни „ароматични нијанси”. Готвачот е пуштен на слобода и го чека судење. Тој, инаку, е специјалист за сицилијанската кујна и работи како готвач во ресторанот на хотелот „Катан палас” во Катанија.

Треба да знаете
Последни објави