Властите во Приштина ги користат сите можни притисоци и административни забрани, а една од нив се однесува и на правото кој има можност да гласа, изјави српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ.
Тој оцени дека на претходните избори на Косово можело да се гласа со српски документи, а годинава за првпат такво нешто се забранува.
-За што ние зборуваме, за укинување на визите и создавање на единствен простор на Балканот, а имаме ситуација некому да му се забранува влегувањето. Не постои во Европа дел од територија каде што се забранува доаѓањето, освен на Косово. Каде тоа го има, да се работи, како што работат властите на сапопрогласената држава Косово, праша Дачиќ.
Тој истакна дека тоа не може да го намали резултатот на изборите и ги повика Србите во Косово да бидат обединети, да излезат на гласање и да гласаат за Српската листа.
Косовските власти вчера соопштија дека на представниците на државната власт на Србија не им дозволуваат да на било који начин учествуваат во кампањата за предстојните парламентарни избори.
Изминативе денови на претставниците на Канцеларијата за Косово – Дамјан Јовиќ, Душан Козарев и Петар Петковиќ им беше забренет влез на Косово, а денеска и на Борислав Тајиќ, помошник директор на српска владина Канцеларија за Косово.