Полицијата викендов правела акциски контроли во Скопје и Струмица за откривање на возачи кои управувале возила под дејство на алкохол. Бројките покажуваат дека во период од пет часа биле фатени речиси идентичен број на пијани возачи.
-Во периодот од 22 часот на 28.09.2019 до 4 часот на 29.09.2019 на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола со цел откривање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. Притоа, кај 26 возачи било утврдено присуство на алкохол и тие биле соодветно санкционирани.
Речиси во исто време, Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје на 28/29.09.2019 во времето од 23 часот до 5 часот спроведе контрола на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 28 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол.
Ако се има во предвид големината на двата града може да се заклучи дека или секој струмичанец седнува зад волан „подмачкан“ или, пак, полицијата во Скопје не си ја завршила работата.