По второто сведочење на Верушевски работите треба да станат многу појасни

Премиерот на Македонија Зоран Заев призна дека имал разговор со советник за национална безбедност во Владата, Зоран Верушевски кој при сведочењето за случајот „Таргет-Тврдина“ на 23 септември изјави дека „бомбите“ доживеале страотни модификации по неговото лишување од слобода во 2015 година. Заев очекува работите околу оваа изјава на Верушевски да бидат многу појасни на второто негово сведочење во судот.

– Она што е битно е дека форензиката ја потврди автентичноста на аудио материјалите кои во тој период беа предадени на Верушевски, вели Заев.

Поранешниот разузнавач Верушевски ја негираше неговата вклученост во преземањето на бомбите од разузнавачите во УБК Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски.

Треба да знаете
Последни објави