Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на соопштението на СДСМ.
„Зоран Заев и СДСМ се креатори на лажни вести. Посетата на Кратово беше предводена од генералниот секретар на партијата Игор Јанушев и на истата претседателот Христијан Мицкоски не беше најавен.
Единствен кој бега од граѓаните е Зоран Заев, тој бега од избори затоа што знае дека ќе ги изгуби. Заев бега од најголемото соочување со граѓаните, затоа што три години со Македонија владее со криминал, корупција и рекет.
Доколку зборуваме за граѓаните и посетеноста, таа е неколку пати поголема од посетеноста на средбите на Заев, Шекеринска и Николовски, кои поминуваат со пар партиски активисти околу нив.
Доколку сепак Заев мисли дека ја има поддршката на граѓаните, нека излезе на избори, како ќе може сам да се увери во спротивното.“