Тајван ги затвори училиштата подготвувајќи се за пристигнувањето на тајфунот, кој се приближува кон североистичниот брег, а авионските компании откажаа над 150 летови, откако беше издадено предупредување за поплави и силни ветрови. Како што е наведено, 2700 домови останале без струја.
Тајфунот Митаг е само еден степен послаб од најсилната категорија, објави тајванскиот метеоролошки завод. Се очекува вечерва да се приближи до округот Јилан и тоа со ветрови до 162 километри на час.
Се движи преку океанот кон североисток со брзина од 25 километри на час и би можел да зајакне кога ќе се приближи до брегот.
Метеоролошкиот завод издаде предупредување за ветер и дожд за Тајпеј и за други окрузи на север. Исто така, издадено е предупредување и за Тајван.