ФИФА го задолжи Кардиф да плати 6 милиони евра за Сала

ФИФА го задолжи Кардиф Сити да му плати на Нант 6 милиони евра за трансферот на Аргентинецот Емилијано Сала, пренесува „Би-Би-Си”.

Дваесет и осум годишниот напаѓач се пресели во Кардиф од Нант во јануари оваа година, но неговиот авион се сруши на патот од Франција до Англија и фудбалерот почина.

Трансферот изнесуваше 17 милиони евра, но Кардиф одбива да ги плати парите, бидејќи во моментот на смртта, Сала сè уште не беше нивни играч.

Англискиот клуб може да ја оспори одлуката на ФИФА во Спортскиот арбитражен суд.

Треба да знаете
Последни објави