Велика Британија може да ја напушти Европската унија на 31 октомври без договор, и покрај законот кој од премиерот бара да побара одложување на Брегзит доколку не се постигне договор, изјави денеска британскиот министер за финансии Саџид Џавид.
Одговарајќи на новинарско прашање дали е можен Брегзит без договор, тој рече дека е.
– Тоа не е наша преферирана опција. Работиме вредно на постигнување договор до 31 октомври. Меѓутоа, доколку не успееме мислам дека е важно во секој случај да излеземе, па дури и без договор. Не е совршено, но соодветно е да си заминеме на 31, изјави Џавид за Ај-Ти-Ви.