За Иран нападот врз нафтени посторјки во Саудиска Арабија е легитимен чин на одбрана

Иран денеска објави дека нападот со проектили и беспилотни летала врз големите нафтени постројки во Саудиска Арабија е чин на „легитимна одбрана” на јеменските бунтовници Хути, поддржани од  Техеран. Јеменските бунтовници ја презедоа одговорноста за нападот на 14 септември, за кој Саудиска Арабија тврди дека е извршен „несомнено под покровителство на Иран”.

Саудиска Арабија се бори против движењето Хути во Јемен од март 2015 година, поддржувајќи ја меѓународно признатата влада на земјата. Техеран ја негира одговорноста за нападот на 14 септември и предупредува дека каков било напад врз Иран за одмазда ќе резултира во „општа војна”.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави, денеска ги нарече обвинувањата на Ријад „неосновани” и додаде дека Иран го поддржува движењето Хути со „духовни и политички” средства. Тој додаде дека „прекинот на огнот и дијалогот” се единственото решение што ќе го зачува „образот” на Саудиска Арабија.

Треба да знаете
Последни објави