Утре со почеток во 08:50 часот во хотелот „Хилтон”, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ќе го отвори Самитот на Западен Балкан во организација на „Економист” на тема: „Забрзување на моментумот на европските интеграции”.
Премиерот Заев ќе биде дел и од првиот панел на тема: „Кои се следните чекори кон европската интеграција на Западен Балкан”. На панелот заедно со Премиерот ќе бидат и поранешниот заменик државен секретар на САД, Вес Мичел, поранешниот претседател на Владата на Грција, Алексис Ципрас и поранешниот претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц.
Во дневната агенда на која има повеќе од 450 гости од политичкиот и деловниот свет од државата и странство претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ќе оствари и голем број на билатерални средби.
Покрај премиерот Заев, на панелите во текот на денот заедно со претставниците на меѓународните организации и корпорации, панелисти ќе бидат и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заменикот претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерката за финансии, Нина Ангеловска.