Со настап на Александра Јанева и Марко Логаут ( Тоше Проески Трибјут), групата Ареа и Бијело Дугме Real Tribute, заврши винскиот фестивал „Скопје Вајн Експо“ („Skopje Wine Expo”). Оваа година фестивалот забележа рекордна посетеност со над 50 000 посетители во текот на трите фестивалски денови.
На плоштадот „Мајка Тереза“, полн до последно место се пиеше македонско вино од 11 големи и мали семејни винарии, во комбинација со гурмански деликатеси. На фестивалот настапија и Тропико Бенд, Слаткаристика, Криско, Нокаут, Графа, Ефто Пупиноски и други.