Манчестер јунајтед и Арсенал одиграа 1-1 во последниот натпревар од 7. коло од англиската фудблска Премиер лига. Двете екипи одиграа тврд натпреавр на „Олд Трафорд”, но на крајот немаше победник. Скот Мектомини им донесе предност на „црвените ѓаволи” по убав удар во 45-та минута, а на почетокот на второто полувреме, Пјер-Емерик Обамејанг изедначи по кошмарната грешка на Аксел Туанзебе.
По ремито Арсенал е на 4. позиција со 12 бода, заостанува два зад третопласираниот Лестер.
Манчестер јунајтед е на 10. место со 9 бода. Ова е најслаб старт во историјата на Јунајтед од сезоната 1989-1990 година, кога по 7 рунди екипата имаше освоени 7 поени.