Порно-филмови пуштени девет часа на екраните во продавница на „Асикс“

Компанија за производство на спортска опрема „Асикс“ им се извини на муштериите по скандалот со пуштањето порнографски филм на екраните во својата продавница во Оукланд.

Порнографската содржина била пуштена се до 10 часот наутро в недела, кога дошле вработените да ја отворат продавницата. Јапонската компанија соопштила дека за тоа се одговорни хакери, кои успеале да упаднат во системот и да пуштат експлицитна содржина.

„Сакаме да се извиниме на сите кои доживеаа непријатност поради ова. Непознато лице успеало да пристапи до нашите екрани преку централната продавница во Оукланд“ соопшти „Асикс“.

Компанијата, како што се наведува, работи со експерти за софтверска безбедност да осигура такво нешто повторно да не се случи.

„Њу Зиланд хералд“ пишува дека порнографската содржина била пуштена девет часа пред да бидат исклучени екраните.

Треба да знаете
Последни објави