Канцеларијата за надворешни работи на БиХ ги поништи дозволите за престој на четворица турски државјани.
Ова се случи по повикот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган до властите за време на посетата во Сараево во јули за екстрадиција на одредени турски државјани за кои Турција се сомнева дека се следбеници на Фејтула Ѓулен, кој е означен како двигател на неуспешниот државен удар во 2016 година, пренесува „Кликс“.
Според адвокатот Недим Адемовиќ, тој во име на четворица турски државјани се жалел на решението одбиено од Министерството за безбедност на БиХ, така што сега е во тек управна постапка пред Судот на Босна и Херцеговина.